/ Прочитано:

1.161

Јавна расправа за Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост

Денеска собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа за Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

„Спроведувањето на Стратегијата значи и исполнување на  обврските преземени со пристапувањето кон Конвенцијата на ООН за елиминација на сите форми на дискриминација на жената, како и придонес кон исполнувањето на политичките критериуми за членство во  Европската Унија.

Спроведувањето на оваа стратегија треба да овозможи конкретни достигнувања преку тековните општествени процеси насочени кон промовирање, зајакнување и спроведување на родовата еднаквост и остварување на еднаквост на жените и мажите како крос-секторски, хоризонтален и универзален социјален и политички приоритет.

Стратегијата се заснова на принципите на родова еднаквост и уживање на човековите права како меѓусекторски прашања, предвидува конкретни цели во насока на интегрирање на родовата перспектива во националните процеси на креирање политики (преку јакнење на механизмите за родова еднаквост, преку развивање на хармонизирани индикатори за мерење на прогресот на родова еднаквост согласно националните закони и меѓународните конвенции), но и интервенции во секторски приоритетни области како што се: образование, вработување, земјоделие, здравство, родово базирано насилство, трговија со луѓе, медиуми, човекови права  и мировни активности. Овој Годишен Извештај е подготвен и се доставува согласно член 12 став 1 алинеја 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите“, се вели во извештајот, кој во целост може да се преземе на следниот линк.

М.В