/ Прочитано:

1.430

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи јавна расправа за измените на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административните службеници.

„Јавната расправа ќе се одржи во Клубот на пратеници, на 15 април 2019, од 11:00 часот. На јавната расправа ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, советникот за администрација на МИОА, Билјана Жагар-Николовска и директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров“, информираат од МИОА.