/ Прочитано:

1.641

Јавна расправа за Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2016-2020

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа јавна расправа за Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016-2020, период во кој е планирано е да се реализираат стратешките цели на овој национален документ, а кои се однесуваат на правната рамка, зајакнување на капацитетите и подигнување на јавната свест.

akad 1

Националната стратегија за еднаквост и недискриминација e национален документ, чија основна цел е да се подобри статусот на најранливите категории на граѓани во општеството и да се обезбеди континуиран развој во остварувањето на еднаквоста и недискриминацијата. Националната стартегија за еднаквост и недискриминација е од среднорочен карактер.

Владата на Република Македонија во 2012 година ја донесе првата Национална Стратегија за еднаквост и недискриминација за периодот 2012-2015. За да се утврди постигнатиот напредок односно реализацијата и постигнувањето на посакуваните резултати , МТСП во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2015 година изработи Евалуација на Стратегијата која ги даде насоките и основите на кои се базира новата Национална Стратегија за периодот 2016-2020.

akad 1

Во периодот 2016-2020 планирано е да се реализираат стратешките цели. Спроведувањето на Националната статегија ќе се разработува во двегодишни акциски планови. Предлог текстот на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, е подготвен од работна група формирана од претставници на ресорните министерства при Владата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот правобранител, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, како и претставници на граѓанските организации кои работат на полето на превенција и заштита од дискриминација.

akad 1

На јавната расправа во врска со текстот на националната стратегија присуствуваа претставници од релевантните државни институции, невладини организации и стручна јавност  кои ги посочија своите првични предлози во однос на Нацрт-верзијата на стратегијата, но, како што беше нагласено на расправата, процесот за дополнување на стратегијата е отворен и во следниот период се очекуваат  повеќе забелешки, коментари и предлози за активности кои се од исклучителна важност како дел од Стратегијата за еднаквост и недискриминација за наредните четири години.

akad 1

Претставниците од невладиниот сектор посочија дека  ќе ги анализираат предлозите, текстот и структурата на стратегијата, укажувајќи дека за обемниот предмет на стратегијата потребен е поголем временски период за елаборација. Во таа насока, на расправата поконкретно, беше истакнато дека новата стратегија ги опфаќа сите основи и сите области дефинирани во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

akad 1

Активностите се распределени во три основни општи стратешки цели и во специфични стратешки цели по области три општи стратешки цели се унапредување на правната рамка за еднакви можности и недискриминација која опфаќа измена на закони, подзаконски акти и слично, потоа зајакнување на капацитетите и координација на институционалните механизми за спречување и заштита од дискриминација и промовирање на еднаквите можности, како и подигнување на јавната свест за препознавање на формите на дискриминација и промовирање на концептот на недискриминација и еднакви можности  која опфаќа спроведување на кампањи и други видови на настани за подигнување на јавната свест.

akad 1

Специфичните стратешки цели се однесуваат на законодавството и хармонизираноста со Законот за спречување и заштита од дискриминација, а опфатени се работата и работните односи, образование, наука, спорт и култура, социјална сигурност (заштита, пензиско и инвалидско осигурување и здравство), правосудство и управа и пристап до добра и услуги во кои влегува домување, јавно информирање и медиуми и членувањето.

akad 1

На расправата беше нагласено дека во сите овие области може да се предвидуваат активности по сите основи од Законот за спречување и заштита од дискриминација, а од Министерството за труд и социјална политика и од Комисијата за заштита од диксриминација, посочуваат дека и понатаму, врз основ на предлозите, треба да се имплементираат конкретни мерки и активности кои треба да влезат за реализација за наредни четири години.

М.В