/ Прочитано:

1.185

Јавна расправа за Предлог-законот за основното образование

Денеска во собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе се одржи јавна расправа за новиот Закон за основното образование, за кој во законското образложение се вели дека има цел да обезбеди квалитетно образование за учениците и подобри услови за работа и развој на вработените во јавните основни училишта во нашата држава.

Со Законот за основното образование се уредува воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Дејноста на основното образование е од посебен јавен интерес.

„Во учебната 2018/2019 година, вкупниот број на основни училишта изнесува 369, од кои 339 општински училишта, 9 државни училишта за ученици со посебни образовни потреби, 14 музички училишта (4 државни, 10 општински) и 1 училиште за возрасни.

Вкупниот број на наставници во учебната 2018/2019 година изнесува 16.219 (од кои 16.075 во општински училишта, 124 во државните училишта и 20 во музичките училишта). Вкупниот број на стручни соработници изнесува 955 (939 во општински училишта, 14 во државни училишта и 2 во музичките училишта). Вкупниoт број на вработени во основните училишта е 21.534

Во учебната 2018/2019, опфатени се 187.262 ученици во општинските основни училишта, 424 во државните училишта за ученици со посебни образовни потреби (вкупно 187.686 ученици). 2.440 ученици посетуваат нижо музичко училиште. 321 лице стекнуваат образование за возрасни во училиштето за возрасни Макаренко.

Во 2018 година, на Барање на Министерството за образование и наука ОЕЦД со поддршка на УНИЦЕФ, изготви сеопфатен извештај за состојбите во образованието во Република Северна Македонија“, се вели во законското образложение.

Целосниот текст на новиот Предлог-закон за основното образование

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Потребни се реформи за сите деца да имаат право на еднакви можности за учење

Правата и обврските на учениците според Законот за основното образование

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Во подготовка втората верзија на Законот за основното образование

Што се предвидува во Предлог-законот за основното образование, кој се очекува да биде донесен пред новата учебна година

Клучните промени во основното образование и новите наставни планови и програми за прво одделение

РЕВИЗИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ: Да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето

Ревизија на учебниците од дискриминаторски содржини, говор на омраза и невистинити факти

Ќе се намалува бројот на предмети во училиштата

За квалитетно основно образование, потребни се јасни учебници и мотивирани ученици

ПЕТКИ ВО ДНЕВНИК – ЕДИНИЦИ НА ПИСА: Тркалезна маса за подобрување на квалитетот на основното образование

М.В