/ Прочитано:

985

Јавна расправа за Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението

 

Денеска во Собранието ќе се одржи јавна расправа по Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија.

„Главната цел на овој закон е да се подобри состојбата со имплементацијата на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализацијата на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво“, се вели во законското образложение.

„Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија“, се пропишува во Предлог-законот.

„Со Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од вкупното население во РМ (ЗУЗПЗ) се воспостави посебен институционален механизам за следење, унапредување и остварување на овие со Устав загарантирани права на припадниците на заедниците – Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), која започна со работа при крајот на 2009 година.  Во текот на изминатите 10 години од донесување на ЗУЗПЗ и формирање на АОПЗ, Агенцијата се соочи со недостаток на инструменти и можности за исполнување на со закон предвидениот мандат. Посебен проблем претставува неможноста за обезбедување на следење, заштита и надзор врз спроведувањето на законите кои ги уредуваат правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во државата“, се вели во законското образложени во врска со потребата од донесување на новиот закон.

Комисиска расправа за Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението

Поднесен нов Закон за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението

М.В