Јавна расправа за Предлог – законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
Денеска собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог- законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“.
Со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство.
Целта на законот е превенција и спречување на родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство врз жените, како и на жртвите на семејно насилство, со почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Целта на законот се заснова на принципот на еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги.
Нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
Нов Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
М.В