Јавна расправа за предлогот да се воведе заедничко родителство по разводот
Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-законски измени за воведување заедничко родителство по развод”.
Покрај членовите на Комисијата и нивните заменици, на јавната расправа се поканети пратениците во Собранието, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, народниот правобранител, претставници од Заводот за ментално здравје, од Институтот „Алтернатива“, од Националниот совет за родова еднаквост, од адвокатски друштва, од судови (семеен оддел), но и од Советот на Европа, од НДИ, од центрите за социјална работа, од Заводот за социјални дејности, како и од сите други институции кои се засегнати од оваа област.
НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Воведување на заедничко родителство и по развод во Македонија
М.В