/ Прочитано:

745

Јавна расправа за прогласување на Собранието за пријател на списанието „Лице в лице“

Денеска Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните ќе одржи јавна расправа на тема: Прогласување на Собранието на Република Северна Македонија за пријател на списанието „Лице в лице“.

„Лице в лице“ е активистичко списание, кое излегува во Македонија од септември 2012 година и кое го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи на списанието кое ги поттикнува компаниите на општествена одговорност се претставници од најранливите слоеви во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тимот на платформата „Лице в лице“. Преку темите што ги пласира списанието се грижи за подобра иднина на маргинализираните групи, како и за јавниот простор и животната средина.

Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието.

М.В