/ Прочитано:

1.692

Јавна седница во Апелациониот суд Скопје во врска со жалбата на Талески за куќниот притвор

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

????????????????????????????????????

На барање на одбраната на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, денеска Апелациониот суд во Скопје ќе одржи Јавна седница во врска со жалбата на Талески за куќниот притвор кој му беше определен од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а кој беше побаран од Специјалното јавно обвинителство.

Во решението на Кривичниот совет беше наведено:

„Решението на судијата на претходна постапка од 13.6.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В. Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст. 1 т. 1 , 2 и 3 од ЗКП. Истовремено, се забранува осомничениот В. Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против него ќе се определи мерка притвор“.

Надзорот над куќниот притвор се наложува да го извршува СВР Битола, при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом, рекоа од Судот.

„За секое непочитување на решението од страна на осомничениот, надлежната полициска станица се задолжува веднаш да го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Против ова решение е дозволена жалба во рок од 24 часа преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Судот.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

М. С.