/Прочитано:

391

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Владата на Република Македонија ги разгледа заклучоците на Собранието на Република Македонија, донесени на шеесет и четвртата седница, одржана на 3.12.2018 година, по повод утврдувањето на Нацртот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија.

„На седницата е утврдено дека, согласно постапката за уставни измени, Владата на РМ има обврска да организира јавна расправа во рок од 5 дена, и забелешките, сугестиите и предлозите по нацрт амандманите на Уставот, на граѓаните, политичките партии, здруженија на граѓани, органи и организации, како и на другите учесници во расправата, и два дена после јавната расправа, да ги сумира и на Собранието да му достави извештај за резултатите од јавната дискусија и Текст на предлогот на амандманите“, соопштуваат од Владата.

Серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните

Од Владата на Република Македонија соопштуваат дека почнувајќи од денес ќе организираат серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

„Првата јавна дискусија ќе се одржи на 05.12.2018 година (среда) со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во Владата на Република Македонија. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори, проф. д-р Владо Поповски и проф. д-р Љубомир Фрчкоски. Дискусијата ќе ја отвори и воведе портпаролот Миле Бошњаковски.

Втората јава дискусија ќе се одржи на 06.12.2018 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, ректорот на ФОН универзитетот, проф. д-р Нано Ружин и универзитетскиот проф. д-р Темелко Ристевски. Дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Третата јавна дискусија ќе се одржи на 07.12.2018 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Димитров, академик проф. д-р Владо Камбовски и универзитетскиот проф. д-р Светомир Шкариќ. Дискусијата ќе ја отворат академците Таки Фити и Владо Камбовски.

Четвртата и петтата јавна дискусија ќе се одржат на 10.12.2018 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Штип и во Тетово.

Во јавната дискусија во Општина Штип, говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот проф. д-р Ѓорѓи Спасов. Дискусијата ќе ја отвори и воведе градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, говорници ќе бидат заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, универзитетската професорка д-р Беса Арифи и универзитетскиот проф. д-р Блерим Река. Дискусијата ќе ја отвори и воведе ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Абдулменаф Беџети“, се наведува во соопштението на Владата.

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В