/ Прочитано:

972

Јавни консултации за Акцискиот план за сајбер безбедност 2018 – 2022

Во jули 2018 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Во рамките на оваа активност, свој придонес дадоа претставници од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните, и тоа преку предлози, препораки и коментари.

По усвојувањето на Стратегијата, објавена е и работната верзија на Акцискиот план за сајбер безбедност 2018 – 2022 на Република Македонија. За таа цел, MИOA ги повикува сите заинтересирани страни на јавни консултации на 31.10.2018 година во Клубот на пратеници, каде што учесниците може повторно да го дадат својот придонес во процесот на дефинирање на активностите предвидени за реализација на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018 – 2022 на Република Македонија.

Национална стратегија за сајбер безбедност на РМ

Акциски план за сајбер безбедност на РМ