Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител
Јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство за својата работа одговара пред јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство за својата работа одговараат пред јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство. Ова се пропишува во новиот предложен Закон за јавното обвинителство, со кој, меѓу другото, се уредува и статусот на СЈО.
„Надзор над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција на Специјалното јавно обвинителство врши Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, при што надзорот не смее да ја загрозува автономијата на Специјалното јавно обвинителство“, се пропишува во законското решение.
Во предложениот закон, исто така, се пропишува дека Специјалното јавно обвинителство својот извештај за работата ќе го доставува до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Според предложениот закон, јавниот обвинител на Република Северна Македонија има право да им дава општи писмени упатства со образложение на вишиот јавен обвинител на вишо јавно обвинителство, на јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство и на основниот јавен обвинител на основно јавно обвинителство.
Исто така, основните јавни обвинителства, вишите јавни обвинителства, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Специјалното јавно обвинителство го известуваат Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за прашања на уставноста и законитоста во нивната работа.
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија
Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО
Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство
М.В