/ Прочитано:

1.215

Јавниот обвинител треба да е експерт што ќе биде партиски неутрален, вели вицепремиерот Османи

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека при именувањето на нов републички јавен обвинител, најважно е да се почитуваат законот и процедурите.

„Треба да се избере експерт што ќе биде партиски неутрален и кој ќе го врати достоинството на институцијата“, вели вицепремиерот Бујар Османи. Тој нагласува дека ДУИ сака на оваа позиција да дојде Албанец, но пред сè, е битно, како што рече, тој да биде експерт.

„Секогаш бараме правична застапеност во институциите и тоа не е дел од какво било политичко влијание. Дури и во судството бараме да има судии Албанци, но тоа не значи дека Владата или ДУИ се меша во системот. Само сакаме да се почитува Уставот“, вели  вицепремиерот Бујар Османи.

М.В