/ Прочитано:

1.274

Јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста ќе се уредат со посебен закон

Министерството за финансии подготвува закон за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста. Јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, велат од Министерството, во досегашната пракса не беа уредени со посебен закон во согласност со европските директиви, поради што се јави потреба од донесување на посебен закон за набавките во овие области.

„Основна цел на предлог-законот е да се усогласи националното право за јавни набавки со европското право, конкретно со Директивата 2009/81/ЕЗ за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста. Со законот ќе се постигне поголема транспарентност и отчетност во спроведување на набавките кои имаат одбранбен и безбедносен карактер“, посочуваат од Министерството за финансии.