/ Прочитано:

1.354

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Нема нови околности за поведување одговорност за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски

Иако Извештајот на Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата не е дел од официјалната истрага, тој е земен во разгледување од страна на Јавното обвинителство и е анализиран компаративно, т.е. има третман како и сите информации кои се примени досега. Притоа е утврдено дека од Извештајот не произлегуваат нови релевантни околности за промена на одлуката што веќе е донесена, се наведува во соопштението на Обвинителството.

boris-trajkovski-foto-wikipedia-1417778714-596214

На дванаесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и по повеќе од една година од Извештајот на Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата, Јавното обвинителство на Република Македонија вели дека нема нови околности кои би довеле до донесување на поинаква одлука од претходнодонесената.

Од Обвинителството потсетуваат дека веднаш по несреќата бил отворен предмет во кој биле прибрани сите докази и околности кои се однесувале на падот на претседателскиот „кингер“, при што била донесена одлука, односно резолуција со која предметот бил затворен, но не и формално.

„Во истрагата беше утврдено дека нема елементи за поведување кривична одговорност против некого, што не значи дека, доколку се појават нови елементи кои ќе упатуваат на спротивното, нема повторно да се отвори истрагата“, појаснуваат од Обвинителството.

Иако Извештајот на Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата не е дел од официјалната истрага, тој е земен во разгледување од страна на Јавното обвинителство и е анализиран компаративно, т.е. има третман како и сите информации кои се примени досега. Притоа е утврдено дека од Извештајот не произлегуваат нови релевантни околности за промена на одлуката што веќе е донесена, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Од Обвинителството потенцираат дека резолуцијата не е конечна одлука.

boris-trajkovski-ubijen-ubistvo-atentat-avion-mostar-nesreca-zavera-1328585176-32166.jpg

„Тоа значи дека Јавното обвинителство нема правна пречка и натаму да ги испитува сите околности на настанот“, велат од Обвинителството.

Во декември 2014, претседателот на Меѓународната комисија за испитување на несреќата, Омер Кулиќ, го презентираше Извештајот на кој се работело две години.

Тој издвои седум системски грешки на пилотите кои придонеле за несреќата. ​Тие, пред сѐ, се однесуваат на обученоста на пилотите да летаат во такви услови какви што владееле тоа утро во Мостар.

„Сложените временски услови и концентрацијата на облаци се индиректна причина, а не невремето, како што беше објавено во првиот извештај. Причините за падот на „кингерот“ се една директна и седум пилотски грешки. Индиректна е и времето, а има и четири внатрешни системски грешки, по две во Македонија и во БиХ“, рече Кулиќ.

Кулиќ беше дециден дека на Извештајот работел професионален тим од БиХ, Македонија, Србија и дека биле испитани сите детали, и го достави Извештајот до Јавното обвинителство на Република Македонија.

Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимље во близина на Мостар.

М.С.