ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: 7 лица се лишени од слобода и предложен е притвор за 14 лица осомничени за нередите во Собранието
Продолжува постапката против 15 инволвирани во нередите во Собранието на Република Македонија, се вели во денешното најново соопштение на Јавното обвинителство на РМ.
„Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично започна постапка поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 од Кривичниот законик. Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост“, истакнуваат од Јавното обвнителство, додавајќи дека истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на, како што велат, кривично – правниот настан.
МВР: Поднесени кривични пријави за 15 лица учесници во нередите во Собранието на РМ
М.В