ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: Идентификувани се петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието
Се расветлуваат нередите во Собранието на Република Македонија, велат од Јавното обвинителство на Република Македонија во денешното соопштение.
„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ. До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува. Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем број лица, припадници на полицијата. Сослушувањата кои се во тек ќе продолжат во функција на целосно документирање на кривично-правните настани во Собранието на РМ. За натамошните постапувања на надлежен јавен обвинител по пријавата и донесените јавнообвинителски одлуки, дополнително во текот на денешниот ден јавноста ќе биде информирана“, се вели во соопштението на Јавното обвнителство.
М.В