/Прочитано:

136

Јавното обвинителство за случајот со пензиите: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците

Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување од членот 353 од Кривичниот законик, а која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови, велат од Јавното обвинителство.

„Во текот на досегашната предистражна постапка преземени се повеќе дејствија, а свој исказ пред надлежниот јавен обвинител дадоа претставник – генералниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставник – претседателот на Управниот одбор на КБ Првото пензиско друштво и претставник на САВА пензиското друштво. Во насока на утврдување на фактите, претстои испитување на претставник од Министерството за финансии.

Од страна на Министерството за труд и социјална политика до Основното јавно обвинителство Скопје дополнително беа доставени документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент, не се пристигнати побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.

Јавниот обвинител ќе одлучи доколку е неопходно да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка. Од досегашните проверки, Обвинителството утврди дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија.

За потсетување, на 8 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството постапува по кривичната пријава поднесена од МТСП

MТСП: Започна уплатата од државата кон приватните друштва за првите 4.926 оштетени осигуреници

МАПАС со соопштение во врска со осигурениците кои не биле распределени во вториот столб

МТСП со кривична пријава до Обвинителството за неправилностите со пензиите

Соопштение на МТСП за придонесите кои не биле префрлани во вториот столб

М.В