/ Прочитано:

2.647

Јавното обвинителството истражува кој ја прислушувал телефонската линија во обвинителството

Јавниот обвинител  на РМ, Љубомир Јовевски, денеска информираше дека Обвинителството истражува кој и зошто ги снимал сите повици коишто се вршеле преку фиксната телефонска линија во зградата на Обвинителството. Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонските централи во ЈОРМ.

Според објаснувањето на Јовески, во собата каде што е вграден системот на фиксната телефонија биле пронајдени два хард диска, на кои биле снимени сите телефонски разговори од септември 2016 сè додека не биле пронајдени пред неколку дена.

„Ќе се истражува дали и во претходниот период, пред да се пресели Обвинителството во новата зграда, исто така биле снимани разговорите“, истакна Јовески, додавајќи дека, со оглед на тоа што ЈОРМ е во овие простории од 2013 година, ќе се утврдува дали податоците претходно се бришени.

Истрагата, додаде републичкиот јавен обвинител,  исто така ќе треба да утврди дали евентуално снимените разговори од претходниот период биле копирани од хард дисковите, или пак биле избришани автоматски, како и тоа дали некој ги искористил за какви било цели.

М.В