ЈО: Под истрага нови лица во врска со случајот „Рекет“, меѓу кои и еден функционер
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело ‘Измама’ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 и кривично дело ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело ‘Измама’ по член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 24, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’ по член 273 став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Правното лице се сомничи дека сторило кривично дело ‘Измама’ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик.
Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.
Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерки за обезбедување на присуство на осомничените, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во текот на денот ќе достави предлог за определување на мерка притвор за едно лице и мерки на претпазливост за останатите осомничени лица. Првоосомничениот во рамките на друга постапка се наоѓа во притвор“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Бојан Јовановски во Обвинителството
Предложено основање на Анкетна комисија за утврдување злоупотреби во работењето на СЈО
И Бојан Јовановски останува во притвор
Апелациониот суд ќе одлучува за притворот на Бојан Јовановски
Увид во доказите за случајот „Рекет“
Кривичниот суд: Определен куќен притвор за Зоран Милески
И Катица Јанева ќе врши увид во доказите
Јанева повикана во Обвинителството
JO: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“
Во Обвинителството Бојан Јовановски дава исказ за случајот „Рекет“
Нови искази во Обвинителството за случајот „Рекет“
Продолжен притворот на Катица Јанева за нови 30 дена
Обвинителството бара продолжување на притворот за Јанева
Специјалните обвинители се враќаат во матичните обвинителства, одлучи Советот на јавните обвинители
Законот за СЈО: Мандатот на јавните обвинители нема да го надмине мандатот на јавниот обвинител
Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева
Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева
Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева
Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“
Започна постапката за разрешување на Катица Јанева
Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители
Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.
Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО
Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот
Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола
Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“
Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена
Јанева не чувствува вина за „Рекет“
Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“
Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството
ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал
По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“
Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство
Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“
Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство
Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај
Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“
ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка
Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците
Катица Јанева разрешена од функцијата
СЈО му ги предава предметите на Јавното обвинителство
Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа
Соопштение на СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавното обвинителство.
СЈО: Немаме добиено писмен допис од Јавното обвинителство
Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста
ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева
Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство
Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите
Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија
Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка
БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација
Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“
Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство
Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година
Дијалог за реформите во Поглавјето 23
Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност
Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија
Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство
Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот јавен обвинител
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители
Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО
СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија
Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО
М.В