/ Прочитано:

635

ЈО: Поведена постапка за тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца ученички

Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена“, соопштуваат од Обвинителството.