/ Прочитано:

1.339

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитува лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното  утврдување на факти во предметот кој се води против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, велат од Јавното обвинителство.

„Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во Обвинителството даде изјава градоначалникот на Општина Карпош. Денеска  беше повикана и изјава даде градоначалничката на Општина Битола. Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави.

Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на Обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Почитувајќи ја транспарентноста во работењето, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи со информирање на јавноста за преземените дејствија секојпат кога ќе постојат законски можности и во обем кој не ја попречува истрагата“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В