ЈО: Средба на македонскиот и казахстанскиот јавен обвинител
„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, го прими во официјална посета генералниот обвинител на Република Казахстан, Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.
На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството.
Нурдаулетов, со декрет на претседателот на Република Казахстан, беше назначен за генерален јавен обвинител на оваа земја во март годинава“, соопштуваат од Јавното обвинителство.