/ Прочитано:

830

ЈО за истрагата за набавката на софтверот и претресот на Правниот факултет

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери.

Воедно, во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Соопштение на Кривичниот суд за определениот притвор за Рашковски

ЈО: Отворена постапка по допрен глас за спорниот тендер за радарски систем

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Рашковски: Не сум учествувал во незаконски дејствија

М.В