/ Прочитано:

1.405

ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека во согласност со утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.

„Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ. Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.

Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор“, соопштуваат од Обвинителството.

По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В