/ Прочитано:

2.029

ЈО: Закани кон поранешен адвокат кој во моментов работи како нотар

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста, предвидено во членот 144 ставот 3 во врска со ставот 1 и во врска со членот 45 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, жител на Велес, во неколку наврати преку една социјална мрежа упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.6.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена“, се вели во соопштението на Обвинителството.

М.В