/ Прочитано:

1.569

Јоханес Хан: Потребно е да се усвојат сите закони во сферите на правосудството, разузнавањето и јавната администрација, што е клучно за позитивна препорака од ЕУ

За да остане земјата на вистинскиот пат кон ЕУ, според еврокомесарот Хан, најважно е претстојните реформи да бидат преточени во конкретни закони, особено во делот на правосудството, разузнавањето и владеењето на правото. „Потребно е да се усвојат сите закони во сферата на правосудството, разузнавањето и јавната администрација, што е клучно за да се добие позитивна препорака од Европската Унија. Се надеваме дека тоа ќе се случи некаде во февруари, со надеж дека преговорите ќе започнат следната година. Тоа е нашата цел и за тоа се сретнав и со опозицијата, за да посочам дека кога станува збор за националните цели, а европската перспектива е таква цел, потребна е поддршка од страна на сите клучни играчи, без разлика дали се во Владата или во опозицијата“, изјави Хан.

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан, денеска на вториот ден од својата официјална посета во Скопје, изјави дека целта на неговиот престој во земјава е да го потврди континуираниот интерес на Европската Унија за случувањата во земјава, но и да добие уверување дека и власта и опозицијата се целосно посветени на евроинтегративниот процес и на сето она што е потребно да се сработи во таа насока.

За да остане земјата на вистинскиот пат кон ЕУ, според еврокомесарот Хан, најважно е претстојните реформи да бидат преточени во конкретни закони, особено во делот на правосудството, разузнавањето и владеењето на правото.

„Потребно е да се усвојат сите закони во сферата на правосудството, разузнавањето и јавната администрација, што е клучно за да се добие позитивна препорака од Европската Унија. Се надеваме дека тоа ќе се случи некаде во февруари, со надеж дека преговорите ќе започнат следната година. Тоа е нашата цел и за тоа се сретнав и со опозицијата, за да посочам дека кога станува збор за националните цели, а европската перспектива е таква цел, потребна е поддршка од страна на сите клучни играчи, без разлика дали се во Владата или во опозицијата“, изјави Хан.

Истовремено, тој истакна дека официјален Брисел констатира дека во земјава постои подобрување во однос на владеењето на правото, за што доказ се и оценките на ОБСЕ-ОДИХР за локалните избори.

„Гледаме подобрувања во оваа земја во однос на владеењето на правото и на независноста на судството. Сакам да кажам дека ова прашање е упатено од страна на релевантните институции и сите препораки, вклучувајќи ги и оние на ОДИХР, не се само минато, туку препораки кои бараат нивна имплементација во други изборни процеси”, нагласи еврокомесарот Хан.

Целта на неговата посета, меѓу другото, беше да добие уверувања и гаранции од сите клучни играчи дека се посветени на европските перспективи.

А. Б.