/ Прочитано:

1.965

JОРМ: Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против лицето кое пукаше во поранешниот министер за здравство

Јавното обвнителство на Република Македонија објави соопштение во врска со вчерашниот напад врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

„Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое вчера пукаше во поранешниот Министер за здравство. Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката – Притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на РМ.

МВР за нападот врз поранешниот министер за здравство

М.В