/ Прочитано:

2.336

ЈОРМ: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на предмет во врска со снимање на играна серија​

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија. Надлежниот јавен обвинител, соопштуваат од ЈОРМ, ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

„Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со севкупната постапка за снимање на играната серија. Во оваа фаза од постапувањето веќе е доставен дел од бараните докази, а побарано е и нивно дополнување. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ​за текот на постапката навремено ќе ја информира јавноста“, информираат од ЈОРМ.

М.В