/ Прочитано:

1.303

ЈОРМ: Отворена предистражна постапка за затајување данок при увоз на гориво

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување данок при увоз на дизел гориво.

Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите.