/ Прочитано:

744

Јовески во Софија ќе учествува на меѓународна конференција за судски реформи

Главниот обвинител Љубомир Јовески денеска во Софија ќе учествува на меѓународна конференција на тема „Судска реформа. Специјализирано обвинителство“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на форумот ќе се обратат Адриан Лазара, претседател на Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент, Ладислав Хамран претседател на Евроџаст, главниот обвинител на Шпанија Долорес Делгадо, заменик-главниот обвинител на Касациониот суд во Италија Џанлуиџи Пратола, како и генералниот секретар на Меѓународната асоцијација на обвинителите Хан Морал.

Како што соопшти бугарското Обвинителство, на конференцијата ќе бидат изнесени презентации посветени на перспективите на специјализираното правосудство, како и за соработката со националните власти на Евроџаст.