/ Прочитано:

5.332

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“: Граѓаните со заостанат долг за вода имаат можност да го отплатат на рати

„Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември, сметано од денот на донесување на оваа одлука. Во зависност од висината на долгот (главен долг и трошоци), тој може да се отплати на рати и тоа според неколку критериуми“, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ денеска информира дека по барање на граѓаните на Град Скопје се обновува одлуката за ослободување од камата на сите корисници на услугите на ова јавно претпријатие, кои имаат заостанат долг за вода (тужен и редовен дел) да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.  „Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември, сметано од денот на донесување на оваа одлука. Во зависност од висината на долгот (главен долг и трошоци), тој може да се отплати на рати и тоа според неколку критериуми“, се наведува во соопштението на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Физичките лица што имаат заостанат долг може да го намират на рати и тоа од 4 до 12 во зависност од сумата.

На 4 рати за износ од 10.000,00 ден. до 30.000,00 ден. На 6 рати за износ од 30.001,00 ден. до 50.000,00 ден. На 8 рати за износ од 50.001,00 ден. до 70.000,00 ден. На 10 рати за износ од 70.001,00 ден. до 90.000,00 ден. На 12 рати за износ над 90.001,00 ден.

Правните лица што имаат заостанат долг може да го намират исто така на рати, и тоа од 2 до 6 во зависност од сумата.

На 2 рати за износ од 10.000,00 ден. до 50.000,00 ден. На 3 рати за износ од 50.001,00 ден. до 100.000,00 ден. На 4 рати за износ од 100.001,00 ден. до 150.000,00 ден. На 5 рати за износ од 150.001,00 ден. до 200.000,00 ден. На 6 рати за износ над 200.000,00 ден.

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ посочува дека ова ослободување од камата нема да важи за државните институции, локалните самоуправи итн.

„Исто така, Управниот одбор на ЈП ‘Водовод и канализација – Скопје’ донесе одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории (приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош, самохрани родители и сл.) кои имаат заостанат долг него да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото. ЈП ‘Водовод и канализација – Скопје’ и понатаму во своите можности ќе излегува во пресрет на граѓаните на Град Скопје, со мерки и проекти од кои бенефит имаат самите граѓани“, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.