/ Прочитано:

1.004

Кабинетот на Анѓушев: Со новиот Закон за енергетика ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор

Јасно ќе бидат определени правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија. Ова е со цел крајна заштита на интересите на граѓаните. „Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските што се преземени од Енергетската заедница за имплементација на ’Третиот пакет’, што претставува сет на директиви и регулативи на Европската Унија. Новиот закон ќе содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години“, соопштуваат од Кабинетот на Анѓушев.

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, информира дека со новиот Закон за енергетика што е во подготовка, односно со решенијата во него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор, јасно ќе бидат определени правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија. Ова е со цел крајна заштита на интересите на граѓаните.

„Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските што се преземени од Енергетската заедница за имплементација на ’Третиот пакет’, што претставува сет на директиви и регулативи на Европската Унија. Новиот закон ќе содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години“, соопштуваат од Кабинетот на Анѓушев.

Оттаму појаснуваат дека рокот до кога требаше да се имплементира ‘Третиот пакет’ беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беше причина  Европската енергетска заедница да отвори спор против Република Македонија.

„Со имплементација на новиот Закон кој има за крајна цел заштита на интересите на граѓаните, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област. Во оваа прилика, информираме дека нема владина одлука за поскапување на струјата и појаснуваме дека Владата не одлучува за цената на струјата“, се наведува во соопштението од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања.

А. Б.