/ Прочитано:

598

Како пазарот ги оцени економските мерки против ковид-19?

Како и голем број земји во светот, и Северна Македонија дизајнираше и имплементираше четири пакети економски мерки со цел ублажување на економските загуби предизвикани од ковид-кризата.

„Иако сѐ уште е рано да се оцени соодветноста и успешноста на преземените мерки, анализата на сентиментот на пазарот на капитал ја открива перцепцијата и реакцијата на инвеститорите на економските мерки во поглед на перспективите на македонските компании во текот и по ковид-19. Ги анализираме движењата на приносите на компаниите кои котираат на Македонската берза околу објавите на четирите пакета економски мерки, со цел да утврдиме како пазарот ги оцени мерките на Владата. Анализата покажува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки, но оптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакета“, се вели во најновата анализа на „Фајнанс тинк“, која може да се преземе на следниот линк.

М.В