/ Прочитано:

1.382

Каматата да не го надмине првичниот износ на долгот – консултации за Законот за облигационите односи

Министерството за правда со внимание ги разгледува претставките кои граѓаните ги поднесоа по завршувањето на минатонеделниот протест за работата на извршителите, кој се одржа пред Министерството за правда.

„Должни сме да ја известиме јавноста во однос на воочените проблеми на кои укажаа граѓаните со поднесените претставки, но и за време на средбите во Министерството. Најголемиот проблем кој го воочи Министерството за правда, всушност, се големите камати, кои често неколкукратно го надминуваат  основниот износ на долгот.

Според Законот за облигациони односи, каматата тече до денот на исплата на долгот. Главниот проблем што се јавува во пракса е тоа што често каматата го надминува главниот долг. Втор голем проблем на кој укажаа граѓаните се и големите износи кои банките ги наплатуваат за блокирање и деблокирање на сметките на граѓаните.

Министерството за правда во моментот врши анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи, со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

Сепак, должни сме да напоменеме дека се јавуваат проблеми со важење на измените ретроактивно. Тоа укажува дека решението на проблемот може да се бара во носење закон за отпис на камати, при што треба да се обезбедат средства за надомест на каматите, кои ги побаруваат приватни доверители, што не е во надлежност на Министерството за правда“, велат од Министерството.

Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за облигационите односи

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за облигационите односи

М.В