„Кампања“: Завршен збор на бранителот Владимир Ракочевиќ за Љубе Бошкоски
Случај: „Кампања“ Завршен збор: Владимир Ракочевиќ, бранител на Љубе Бошковски
Со оглед дека мојот завршен збор не беше целосно внесен во записникот за главен претрес од 18.11.2011 година, а исто така не се примени ниту УТРИНСКИОТ ВЕСНИК, ниту ФОКУСОТ кои што ги дадов на претседателката на советот во врска со она што го изнесов во завршниот збор за она што во нив пишува за обвинетиот Љубе Бошковски, за кое претседателката на советот сметаше дека тоа наводно не е потребно за одбраната на обвинетиот Љубе Бошковски, а после моето упорно противење дека не може да ме ограничува во завршен збор и мое инсистирање дека барам и тоа што долу е наведено што сум го изнел во завршен збор да се внесе во записникот за главен претрес и да се земат тие весници, пак не сакаше да се внесе во записникот, па ме упати дека тоа можам да го изнесам во писмена форма и весниците ми ги врати, па така тоа сега го чинам во писмена форма и ги доставувам весниците.
…….
“Во однос на изнесеното од страна на Јавниот обвинител-цитат: “како директен доказ дека обвинетиот Љубе Бошковски е сторитетел на кривичните дела за кои се терети, е аудио и видео запис”, затворен цитат, посебно истакнувам и тоа дека од аудио и видео запис за настаните од 12.04, од 28.05 и од 06.06.2011 година, се изведува обратен заклучок, а имено дека во случајот се работи за монтиран процес против обвинетиот Љубе Бошковски“.
…….
Морам да истакнам и тоа дека на обукитете на судии, обвинители, инспектори на МВР и адвокати, за Законот за кривичната постапка, организирани од страна на Академија за судии и јавни обвинители и од ОБСЕ, прво во хотелот АРКА на 24.октомври 2011 година, во која беше обучувач јавен обвинител од Канада, Марк Кован, а потоа во хотелот АЛЕКСАНДАР ПАЛАС, од 27 до 30 октомври 2011 година, во која обучувачи беа наши доктори на правни науки, виш јавен обвинител и професор по кривично процесно право, на моето прашање дали можат да се применат посебни истражни мерки во случај кога некој ќе повика свој пријател кај него дома, а потоа ке се договорат да се најдат во некој од рестораните, а тој негов пријател претходно во соработка со МВР КЕ СЕ ДОГОВОРАТ ВО НЕГОВИОТ ДОМ И ВО РЕСТОРАНИТЕ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАЈДАТ, ОД СТРАНА НА МВР ДА СЕ ПОСТАВАТ ВИДЕО ТОНСКИ КАМЕРИ ЗА ДА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА ПОМЕЃУ НИВ ДВАЈЦАТА БИДЕ СНИМЕНО, и на таквото мое прашање ми одговорија дека тоа е “филм”, полициска злоупотреба и за такво нешто посебни истражни мерки не се дозволени.
>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.