/ Прочитано:

1.944

Кандидатите за судии и обвинители првпат ќе полагаат тест за интегритет

Вторник, 1 октомври 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители на РМ, на својата веб страна јавно ги објави резултатите од спроведениот квалификациски тест, кој е само прв дел од приемниот испит за влез во почетната обука во Академијата.

„Квалификацискиот тест успешно го положија 13 кандидати и тие одат понатаму во испитната процедура. Сега следат психолошкиот тест и тестот за интегритет кои се новина и за првпат ќе се спроведат во правосудството во Република Македонија, а потоа ќе продолжат со другиот дел од приемниот испит“, денеска на промоцијата на Збирката на пресуди на ЕСЧП по членот 10 – слобода на изразување, изјави претеадателката на Академијата, Анета Арнаудовска. 

Арнаудовска појасни дека станува збор за еден сложен комплексен процес за прием во Академијата кој е воведен со цел да се привлечат најдобрите кандидати, односно најдобрите судии и обвинители во државата.

„Интересот од кандидатите е зголемен. Во минатиот период немаше огласи. Според потребите огласите се објавуваат според одлуките на Управниот одбор на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители. Тие критериуми остануваат и се надевам дека кандидатите ќе ги исполнат“, вели Арнаудовска. 

До крајот на годинава Академијата за судии и обвинители ќе објави уште еден оглас за прием во Академијата.