/ Прочитано:

871

Каргов: Царината продолжи со спроведување на реформите

Петок, 12 април 2013 – Царината и во 2012 година продолжи со спроведувањето на реформите и обврските, заштита на фискалните интереси на државата, заштита на здравјето и безбедноста на луѓето, обезбедување конкурентен економски амбиент и исполнување на условите за влез во ЕУ – ова денеска на одбележувањето 21 година од постоењето на Царинската управа го истакна директорот Ванчо Каргов.

„Во 2012 година, Царинската управа спроведе поголем број реформи како во однос на управувањето со човечките ресурси, организацијата и логистиката, така и во унапредување на системите за контрола и примената на законите што резултираше со голем број ефикасни акции за заплени од различен вид. Целосно ги исполни своите цели, но тоа е обврска повеќе да продолжи со ист интензитет и во 2013“, напомена Каргов. 

 Министерот за финансии Зоран Ставрески оцени дека институцијата е на многу високо, европско ниво и можеме да бидеме задоволни од нејзините услуги

„Царинската управа по 21 година прерасна во институција за гордост која ги заштитува економските и финансиските интереси на државата, граѓаните и бизнисот“, изјави Ставрески.