/ Прочитано:

2.613

Катастарот го поедноставува плаќањето за услуги преку ПОС-терминали во сите буџетски корисници

Со новината предвидена во работењето на Катастарот, појаснува Трпески, се овозможува инвеститорот, без провизија, директно со платежна картичка преку ПОС-терминали на Катастарот, кои се наоѓаат во секоја општина и кои се поврзани со електронскиот шалтер, со едно доаѓање да добие информација за износот што треба да го плати и веднаш да изврши плаќање и поднесување барање за упис на новиот објект во катастарот на недвижности.

foto

Агенцијата за катастар на недвижности ја поедноставува постапката за поднесување барање и плаќање на надоместок за нејзините услуги преку воведување на ПОС-терминали за уплата во сите буџетски корисници. Ваквиот систем најпрво ќе биде тестиран во Општина Аеродром – а од 1 септември во сите општини во Македонија.

Сите корисници кои имаат сметки во деловните банки, како што се: адвокатите, нотарите, проценителите, веќе имаат платежни картички и го користат виртуелниот ПОС-терминал за плаќање на услугите кон Катастарот.

„Новината е тоа што Агенцијата за катастар на недвижности ќе испорача ПОС-терминал до секој од буџетските корисници, и граѓанинот ако досега мораше да дојде до општината да праша колку треба да плати надоместок за да може да се поднесе барањето, па да оди во банка да го уплати износот со банкарска провизија и повторно да се врати во општината да ја донесе уплатницата за да се поднесе барањето до Катастарот, сега тој чекор веќе го нема. Инвеститорот доаѓа, системот автоматски пресметува колку треба да се плати и со платежна картичка веднаш на самото место се врши плаќање и поднесување барање до Катастарот“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, при презентацијата на новината во работата на Катастарот.

foto akademik

Со новината предвидена во работењето на Катастарот, појаснува Трпески, се овозможува инвеститорот, без провизија, директно со платежна картичка преку ПОС-терминали на Катастарот, кои се наоѓаат во секоја општина и кои се поврзани со електронскиот шалтер, со едно доаѓање да добие информација за износот што треба да го плати и веднаш да изврши плаќање и поднесување барање за упис на новиот објект во катастарот на недвижности.

Електронскиот шалтер кој функционира од 2014 година го користат 711 професионални корисници, односно сите геодетски фирми, сите нотарски канцеларии, сите општини, извршители, банки, проценители, стечајни судии, министерства, агенции и управи, вели Трпески.