/ Прочитано:

1.518

Катастарот со соопштение за теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со Законот за катастар на недвижности, доби надлежности да го воспостави Графичкиот регистар на улици и куќни броеви и да управува со него.

„Регистарот кој ќе прерасне во Адресен регистер за целата територија на државата ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, прибрани од терен, поединечно по населено место.

Описните податоци се ажурираат со теренско прибирање на податоците. Просторните податоци за улиците и куќните броеви Агенцијата ги прибира од терен, за што ангажираше фирма што ќе ги собира информациите од долунаведените подрачја (претходно беше направен пилот-проект, а по него беа опфатени други десетина места).

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија упатува апел до жителите од следните населени места во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите што ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите:

  1. ЛОЗОВО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  2. ГРАДСКО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  3. НЕГОТИНО – од 20.1.2020 год. до 19.2.2020 год.
  4. КИЧЕВО – од 22.1.2020 год. до 19.3.2020 год.
  5. КУМАНОВО – од 28.1.2020 год. до 13.4.2020 год.
  6. БИТОЛА – од 24.2.2020 год. до 04.5.2020 год.
  7. ЦЕНТАР ЖУПА – од 20.3.2020 год. до 26.3.2020 год.
  8. ДЕБАР – од 26.3.2020 год. до 10.4.2020 год.
  9. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – од 14.4.2020 год. до 28.4.2020 год.
  10. КОЧАНИ – од 28.1.2020 год. до 2.3.2020 год.
  11. ГОСТИВАР – од 10.2.2020 год. до 02.4.2020 год.

Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на самото место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.

Од востановениот Адресен регистер придобивки, покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигури точност на податоците“, се вели во соопштението на Катастарот.

Утврден Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Новите измени на Законот за катастар на недвижности наскоро во владина процедура

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните податоци

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура 

Законите за урбанистичко планирање, за финансиска дисциплина и за бесплатна правна помош на владина седница

Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма

Министерството за правда го објави текстот на измените на Законот за катастар на недвижности, во кои има повеќе значајни новини

Министерството за правда подготвува измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните права

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В