/ Прочитано:

1.799

Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска е на распит во Јавното обвинителство, каде што дава исказ за случајот „Рекет“. Јанева, која во средината на јули даде усна оставка, во денешната изјава рече дека сè уште е специјален обвинител. Таа изрази надеж дека со нејзиниот исказ во Обвинителството ќе ја забрза истрагата. Во присуство на Јанева пред денешниот распит можеше да се забележи адвокатот Стеван Павлески.

Италијанскиот весник „Ла верита“ објави аудиоснимки за случајот „Рекет“,  за кои посочи дека во нив се слушаат разговори меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев во врска со случајот „Империја“, како и гласот на Катица Јанева, која го уверува Камчев да не се грижи и дека сè ќе биде во ред.

Јавниот обвинител Јовески во врска со случајот истакна дека ќе бидат повикани сите лица неопходни за истрагата.

„Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини“, наведе Јавното обвинителство во своето последно соопштение за случајот.

Досега во Обвинителството искази дадоа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска и обвинителот Бурим Рустеми.

Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството

ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал

По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В