/ Прочитано:

1.483

Казнената политика да не биде репресивна – Владата позитивно ги оцени предложените законски  измени за регистрирање на готовински плаќања

Владата како позитивна ја оценува иницијативата на група пратеници во Собранието на РМ за Предлог-закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Со новото предлог-законско решение, посочуваат од Владата, се бара да се овозможи даночниот обврзник, кај кого е констатирана незаконитост, да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, туку да се овозможи непречено работење веднаш по плаќањето на казната за прекршокот. Владата заклучи дека оваа мерка е во согласност со определбите на Владата казнената политика да биде превентивна, а не репресивна и препорача натамошно унапредување на овие мерки.

Кон крајот на јули оваа година, група пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РМ предложи измени на Законот за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, по скратена постапка.

 Со новото предлог-законско решение се предлага и се бара да се овозможи даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице, затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање на глоба.

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Бришење на казната со која на даночните обврзници, покрај плаќањето на глобата, им беа затворени и деловните простории

M.В