/ Прочитано:

1.232

СУДЕЊЕ „Фими медиа“: Казнети адвокатите на Санадер за одолговлекување на судската постапка

Вторник, 9 април 2013 – Судијката што го води предметот за случајот „Фими медиа“  каде првообвинет  е Иво Санадер ги казни неговите адвокати со 5.000 куни, бидејќи сведокот на одбраната поворно не се појави на главниот претрес. Имено, судијката Иван Чалиќ ова го протолкува како одолговлекување на процесот и освен адвокатите го казни и сведокот Ивица Кирин, актуелен градоначалник на Вировитица и поранешен министер за внатрешни работи на Хрватска. 

Адвокатскиот тим што го брани Санадер: Чедо Продановиќ, Горан Суиќ, Јадранка Слоковиќ

Иако сведокот Кирин беше уредно повикан, тој своето отсуство го оправда со претходно закажан деловен состанок. 

„Таквите оправдување без никаков документ на овој не му значат ништо“, рече судијата, објаснувајќи дека 5.000 куни претставуваат трошоците на судот за денешната расправа.  

Според судијката адвокатите ја ставаат во искушение трпеливоста и коректноста на судот, одлагајќи го сведочењето на два пати.

„Среќа законот има решение кое јас ќе го применам. Предлагате сведоци, кои ги прифаќаме, вие кревате раце од нив и рочиштата пропаѓаат“, им се обрати судијката на адвокатите Чедо Продановиќ и Јадранка Слоковиќ.

Инаку поранешниот министер за внатрешни работи на Хрватска исто така е осомничен  во случајот Фими медиа, но нему  се очекува да му се суди во одвоена постапка.  Според УСКОК, Кирин учествувал во полнењето на наводниот црн фонд на ХДЗ преку соработка со маркетинг агенцијата „Фими медиа“ која не дошла преку тендер. 

„Фими медиа“

Првообвинет во овој предмет е екс-премиерот на Хрватска, Иво Санадер. Она што го прави историско судење е фактот што на клупата за обвинети, за прв пат седна и политичка партија, односно Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Меѓу обвинетите се и поранешниот благајник на ХДЗ и директор на Царинската управа на Хрватска –Младен Баришиќ, некогашниот портпарол на Владата на Хрватска – Ратко Мачек, сметководителот на ХДЗ – Бранка Павошевиќ и сопственичката на маркетинг агенцијата „Фими медиа“ – Невенка Јурак. УСКОК ги товари дека проневериле најмалку 10 милиони евра јавни пари за создавање црн фонд од  кој меѓу другото била наводно финансирана изборната кампања на ХДЗ .  Дел од обвинетите ја признаа вината, а  има и такви кои ја признаа вината и се спогодија со УСКОК уште пред да почне судењето.

>> Прочитај повеќе за предметот.