/ Прочитано:

1.483

Ќе се ажурира методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика

Владата ја разгледа и усвои информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2016 година. Владата ги  задолжи: Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање и Министерството за информатичко општество и администрација, во рок од 7 дена до Министерството за правда да достават номинации за членови на работната група за преглед и ажурирање на методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика, во согласност со препораките на Европската комисија која врз основа на оваа статистика ќе се стекне со сознанија за справувањето со корупцијата во Република Македонија.

М.В