/ Прочитано:

2.876

Ќе се формира Единица за интервентна полиција

Владата  ја усвои измената на уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата заради усогласување со новата организациска структура во Секторот за внатрешни работи Скопје, според која на местото на досегашните Единица за јавен ред и мир, Единица за прв одговор и интервенција (Алфи) и Единица за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт, се формира Единицата за интервентна полиција (ЕИП).

„Новата ЕИП ќе биде надлежна за: следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука, доколку при спроведувањето на извршувањето надлежниот државен орган, односно лицата кои со посебен закон се овластени да го спроведат извршувањето наидат на физички отпор или таков отпор може оправдано да се очекува и за спроведување на лица на барање на надлежни државни органи, како и асистенција на барање на други правни лица на територијата на Секторот“, соопштуваат од Владата.