Ќе се формира инспекторат за употреба на јазиците
Министерството за правда подготвува Закон за државен инспекторат за употреба на јазиците. Законот за државен инспекторат за употреба на јазиците, велат од Министерството за правда, се донесува со цел мониторирање и надзор врз примената на Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.
Во членот 20 од Законот за употреба на јазиците е предвидено донесување на Закон за државен инспекторат за употреба на јазиците во својство на орган во состав на Министерството за правда.
„За надзорот над целосно и доследно спроведување на одредбите на овој закон, кои се однесуваат на употребата на јазиците, се формира Инспекторат за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда со својство на правно лице.
Начелата, надлежноста, организацијата на инспекција и постапките на инспекцискиот надзор на Инспекторатот за употреба на јазиците се уредуваат со посебен закон“, се пропишува во членот 20 од Законот за употреба на јазиците на кој упатува Министерството за правда во врска со подготовката на новиот закон.
Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската комисија
Професорот Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд
Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците
ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите
Годишно обраќање на претседателот Иванов
Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов
Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија
ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби
М.В