Ќе се менува Законот за Царинската тарифа
Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и донесе одлука да го достави до Собранието.
Со предложените измени и дополнувања на овој закон ќе се овозможи исполнување на обврската за транспонирање на националното законодавство утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија, како земја кандидат, а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа.
Со оваа измена на Законот за Царинската тарифа се овозможува менување на номенклатурата на национално ниво за да обезбедат услови за попрецизно определување на производите што подлежат на повластена стапка на ДДВ и други мерки поврзани со увоз и извоз.
Истовремено, со овие измени се создаваат услови за потполна примена на интегрираната Царинска тарифа што треба целосно да почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.
М.В