/ Прочитано:

985

Ќе се менува Законот за јавните набавки во врска со набавката на вакцини за ковид-19

Измени на Законот за јавните набавки се поднесени во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата.

Состојбите со пандемијата со коронавирусот во 2020 година создадоа бројни предизвици, вклучително и во системот на јавните набавки, се посочува во законското образложение. Законот ги имплементира добрите меѓународни практики и европските регулативи и предвидува механизми за вршење на јавните набавки во вакви вонредни околности. Сепак, се додава во образложението, пандемијата доведе до големи нарушувања на глобалниот пазар, а со тоа и нарушување на понудата и побарувачката на средствата кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемијата.

„Одредени одредби кои се вообичаени при нормално функционирање на пазарот на јавни набавки во овие околности создаваат тешкотии и неможност за задоволување на потребите. Тоа особено е евидентно при набавката на вакцини против ковид-19, при што Република Северна Македонија мора да ги искористи сите можни канали за снабдување, вклучително и директни контакти со производителите. Во овие услови, одредбите кои се предмет на дополнување не може да се применат и потребно е да се предвиди флексибилност во делот на исплата на аванс, во согласност со воспоставената практика на производителите на вакцините на глобално ниво“, се вели во образложението.

„Со предложените решенија договорните органи ќе можат да исплатат и повисок износ од 20% и нема да имаат обврска да обезбедат банкарска гаранција за исплатениот аванс во постапките кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии или епидемии на заразни болести, во зависност од воспоставените пазарни односи од страна на производителите на потребните средства кои се предмет на набавка“, се додава во законското образложение

6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од коронавирусот

Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки

М.В