/ Прочитано:

1.553

Ќе се менува Законот за матичната евиденција за децата родени во „Систина“ во периодот од април  до декември 2010 година

Министерството за правда подготвува измени на Законот за матичната евиденција, со кои, како што посочуваат од Министерството, меѓу другото, ќе се вградат одредби кои ќе овозможат промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во период од април 2010 до декември 2010 година во болницата „Систина“.

„На децата родени во болницата Систина во периодот од април 2010 до декември 2010 година во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Родителите на овие деца се обратија со барање до Министерството за правда во изводот од матичната книга на родени на децата да се внесе градот Скопје наместо Злокуќани.

По пресудата на ЕСЧП во корист на трансродовите лица, се подготвуваат измени на Законот за матичната евиденција за промена на ознаката за пол

М.В