/ Прочитано:

442

Ќе се менува Законот за процена – лоцирани низа слабости при неговата примена

„Законската рамка која детално ја уредува процената за прв пат беше воведена во 2010 година со донесување на Законот за процена. До сега истиот беше изменуван и дополнуван вкупно осум пати и тоа во 2011, 2012, 2014, 2015 и 2016 година. Со донесување на предметниот закон ќе се подобри текстот на законот од номотехнички аспект и воедно ќе се реализираат предвидените активности во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 и Акциски план.

Основна цел за донесување на предложените измени е да се изврши јасно прецизирање на одредени законски одредби со цел истите да бидат јасни, недвосмислени и разбирливи и со тоа лесно и подеднакво применливи во сите ситуации и за сите, имајќи во предвид дека законското решение е застарено со самиот факт што е донесено во 2010 година и до денес се лоцирани низа слабости што придонесуваат до појава на одредени пречки при негова примена“, посочуваат од Министерството за правда.

Со Законот за процена се уредуваат вршењето на процена, областите, условите и начинот на вршење на процена, субјектите што вршат процена, условите и постапката за полагање на стручен испит заради издавање или одземање на лиценца за процена, награда и надоместок на трошоците за извршената процена, надлежноста, организацијата и работењето на Комората на проценители на Република Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на процената.

M.В